Каков луд меч: Сити – Тотенхем 2-2 по десет минути игра

Манчестер Сити и Тотенхем играат неверојатен натпревар на „Етихад“ стадионот, откако по само десет минути игра голманите веќе по два пати ја вадеа топката од мрежата.

Рахим Стерлинг го доведе Сити во водство, но еуфоријата експресно стивна откако Сон со два гола во рок од неполни три минути направи целосен пресврт.

Тотенхем немаше многу време за славје бидејќи во 10. минута избраниците на Гвардиола веќе стигнаа до израмнување, обидот на Бернардо Силва удри еден гостински дефанзивец, го измами Љорис и заврши во мрежата на гостите.

Почеток од соништата за фудбалските гурмани, а нема сомнеж дека возбудувањата ќе продолжат со оглед на фактот дека „граѓаните“ мораат да постигнат уште најмалку два гола ако сакаат да се пласираат во полуфиналето.

Се вчитува...