Каков меч: Аџиќ му пресуди на својот Јувентус

Јувентус го претрпе својот прв пораз во новата сезона откако „старата дама“ во супердраматичен дуел загуби со 3-2 на гостувањето против Сасуоло. За болката да биде уште поголема, мечот беше решен во 94. минута со голот на Василије Аџиќ, младиот црногорски фудбалер кој е на позајмица во Сасуоло токму од Јуве.

Сасуоло поведе со 1-0 преку Еспозито, по што Жегрова одлично се снајде во шеснаесетникот и израмни на 1-1. При овој резултат „старата дама“ имаше две неискористени шанси по кои Сасуоло пак стигна до водство, овојпат преку Боуви во 90. минута.

Кога Жегрова биеше прецизно од работ на шеснаесетникот во 91. минута се чинеше дека Јуве повторно ќе се спаси од пораз во судиското продолжение како што тоа беше случај на минатонеделното дерби со Милан. Тоа сепак не се случи, „старата дама“ тргна на се или ништо по три бода, остави многу простор во сопствената половина, а Аџиќ го искористи тоа и со мајсторски удар го совлада Викарио, потоа и не славејќи го погодокот против „својот Јувентус“.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...