Каков натпревар: Три црвени картони, промашени пенали, сомнителни одлуки, Барса во финале!

Повеќе од возбудлив натпревар на „Камп Ноу“ одиграа Барселона и Атлетико Мадрид на реваншот од полуфиналето во шпанскиот Куп, по кој Каталонците со 1-1 обезбедија пласман во големото финале.

Барселона, на крајот, иако висеше до последно, ако се знае дека во финишот играше со девет фудбалери на терен, а Атлетико промаши и пенал, успеа да обезбеди финале благодарение на победата од 1-2 на првиот натпревар во Мадрид.

А, дуелот се одвиваше посакувано за Барса откако Суарез во 43. минута донесе предност. Претходно не беше досуден сомнителен пенал за Атлетико, но за гостите се овозможи шанса по исклучувањето на Роберто во 57. минута. Црвен картон имаше потоа и за Караско кај Атлетико, за да сепак мадриѓаните откако во 80. минута не реализираа и удар од белата точка преку Гамеиро, сепак стигнат до израмнување. Гамеиро погоди од пенал во 83. минута за 1-1, и драма во последните десеттина минути.

Barcelona VS Atletico Madrid 1-1 – All Goals… by mohtv

На крајот Барса остана без уште еден фудбалер на теренот по исклучувањето на Суарез во 90. минута, но успеа да зачува конечни 1-1 за место во финалето.

barsa - atletiko

Во финалето каталонскиот тим ќе се соочи со подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Алавес и Селта. Првиот натпревар меѓу овие две екипи заврши без голови, а реваншот е утре од 21 часот.

Се вчитува...