Каков срам за Дортмунд: Баерн за едно полувреме ги растури „милионерите“

Некогаш беше дерби, но очигледно дека оваа сезона Баерн Минхен е пресилен. На „Алијанц арена“, по само едно полувреме, баварскиот тим води со убедливи 5-0 против Борусија Дортмунд.

Рапсодијата на Баерн Минхен ја започна Роберт Левандовски со гол уште во петтата минута, а потоа стрелаа и Хамес Родригез, Томас Милер, повторно Роберт Левандовски и Франк Рибери. Мрежата на „милионерите“ е преполна, а допрва следи и второто полувреме од дуелот.

Се вчитува...