Каква драма: Вајналдум е „златна резерва“ – Ливерпул води 3-0 (видео)

Супердраматично е во второто полувреме од реваншот на „Енфилд роуд“ откако Вајналдум влезе во игра и за неполни три минути постигна два гола, носејќи му на Ливерпул предност од 3-0, целосно надополнувајќи ја негативата од првиот натпревар.

Холанѓанецот влезе во игра во второто полувреме и веднаш остави силна трага, зголемувајќи на 2-0 по центаршутот на Александер Арнолд, а веднаш потоа постигнувајќи нов гол, овојпат со глава на асистеција на Џердан Шаќири.

 

 

Се вчитува...