Каква драма во Подгорица – Виси СП 2022 за Холандија откако Црногорците им скратија победа со два гола во последните минути (ВИДЕО)

Повеќе од драматично ќе биде последното коло во Групата Г од квалификациите за СП 2022, откако Холандија сами си пропушти вечерва да слави пласман на Мундијалот во Катар.

Имаа Холанѓаните предност од 0-2 на гостувањето во Подгорица се до 82. минута кога домаќините со головите на Вукотиќ во 82. минута и Вујновиќ во 86. минута дојдоа до 2-2.

 

Претходно, Холандија дојде до предност од 0-2 со головите на Депај во 25. минута од пенал, и во 54. минута…

Сега Холандија во последното коло ќе бара пласман на СП во директна пресметка со Норвешка, додека Турција гостува на Црна Гора во Подгорица.

Се вчитува...