Каква статистика: Сосиедад го ‘расцепи’ Вардар со 32 шута кон голот

Македонскиот првак Вардар синоќа го доживеа најубедливиот пораз во историјата на Лигата на Европа, откако беше декласиран од шпанскиот тим Реал Сосиедад со 0-6. Но, можеби ниту овој резултат не ја отсликува најдобро надмоќта што ја покажа баскискиот состав во дуелот со Вардар.

Статистиката ретко кога лаже, па ги содржи главните елементи за анализа и на овој меч. Имено, Реал Сосиедад имаше неверојатни 32 шута кон голот на Филип Гачевски за 90 минути фудбал на арената „Филип Втори“. Што ќе рече, Вардар речиси и да не ја виде топката во текот на целиот натпревар.

statistika sosiedad

prikaz 2

Од овие 32 шута, вардарци успеаја да изблокираат 7, имаа среќа што 12 завршија надвор од рамките на голот на Гачевски, а од 13 кои беа усмерени на вистинското место – дури 6 завршија во мрежата.

Реал Сосиедад на синоќешниот натпревар оствари неверојатен ефект (6.47 xG) на „очекувани голови“ – Expected Goals Value.

Тоа е веројатност на секој шут кон голот да заврши во мрежата, а се определува според неколку фактори, како позицијата од каде е упатен шутот, поставеноста на дефанзивците, како и агресивноста на напаѓачката реакција.

Се вчитува...