Какво газење… Монако славеше со 6-1 против Марсеј!

Монако ја запиша и четвртата победа во 4. коло од францускиот шампионат, овој пат убедливо со 6-1 (4-0) славејќи против Олимпик Марсеј.

Малку кој очекуваше ваква победа на Монако во дербито на колото, но сосема заслужено стигна до триумфот со головите на Глик, Диакаби и Фалкао во два наврати, уште во првото полувреме. А во вториот дел погодија уште Сидибе и Фабињо од пенал.

Со оваа победа Монако повторно се израмни на врвот со ПСЖ со максимален ефект по првите четири кола. Со тоа што ПСЖ има гол разлика од +12, а Монако засега е на +10.

All Goals & highlights – Monaco 6-1 Marseille… by goalsarena2017

Се вчитува...