Какво ремек-дело: Форналс постигна „шкорпија гол“ за Вест хем (видео)

Вест Хем лесно и убедливо го совлада Борнмут со 0-4, меч што ќе остане запаметен по извонредниот погодок на Пабло Форналс, последен за „чеканите“ на овој натпревар.

Гостите тргнаа во контранапад, но центаршутот беше зад главата на Форналс, но Шпанецот се покажа како фудбалски генијалец, па со „шкорпија удар“ ја закачи топката со нозете и ја смести во мрежата.

Ремек-делото на шпанскиот интернационалец во дресот на Вест Хем можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...