Каљари во одбрана на Малдини: Нашиот фудбалер не беше дрогиран

Даниел Малдини заврши во болница по сообраќајна несреќа во која учествуваше во неделата. Еден ден подоцна, италијанските медиуми ги објавија деталите: Малдини бил под дејство на алкохол, бил позитивен на наркотици и токму тој ја предизвикал сообраќајната несреќа во која учествувале уште шест лица.

Полицијата двапати го тестирала Малдини за алкохол. На првиот тест имал 0,91 мг/л, а на вториот 0,89 мг/л. Според медиумите, тој бил позитивен и на недозволени супстанции.

Сепак, од италијанскиот калчолигаш демантираат дека Малдини бил под дејство на наркотиц…

„Каљари ја информира јавноста дека, по повод написите кои во изминатите часови се појавија во италијанските медиуми, Даниел Малдини е подложен на токсиколошки анализи. Сите спроведени тестови дадоа негативни резултати. Играчот денеска попладне редовно ќе ѝ се приклучи на екипата на тренингот пред претстојниот натпревар“, се наведува во соопштението од клубот.

Се вчитува...