Калчолигашите едногласни – Сезоната мора да продолжи

Италијанските клубови се едногласни околу тоа дека Серија А сезонава мора да продолжи. На видеоконференција која се одржа денеска. Сите 20 тима биле едногласни и се сложиле дека сезоната 2019/2020 треба да заврши на терените.

Италијанската влада донесе одлука дел од клубовите да почнат со тренинзи од понеделник во склад со пропишаните мерки за заштита. Најголема причина поради ваквата одлука на клубовите се ТВ-правата, поради кои доколку не заврши шампионатот тимовите ќе изгубат многу финансиски средства. Ратата која треба да ја добијат за последните кола во шампионатот од ТВ-права е околу 233 милиони евра.

 

Се вчитува...