Калчолигашите на состанок на 13. мај ќе одлучуваат за продолжување на шампионатот

Раководството на Серија А закажа состанок за 13. мај, на кој ќе се разговара за продолжување на шампионатот. Тема на состанокот исто така ќе бидат и телевизиските права, а 20 клуба учесници во калчолигата се подготвени да ги тужат телевизиите, доколку тие не им ги исплатат финансиите од ТВ правата кои вкупно изнесуваат 233 милиони евра.

Од друга страна и сопствениците на ТВ права се жестоко погодени од кризата, бидејќи два месеци не емитуваат натпревари и поради тоа имаат големи загуби. Главна тема ќе биде враќањето на лигата кое се очекува да биде негде на средината на јуни месец.

 

Се вчитува...