„Калин-експрес“ – Ивановски како „фурија“ до осминафинале на Вимблдон

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски на неверојатен начин се пласираше во осминафиналето на јуниорскиот турнир на третиот гранд-слем во сезоната Вимблдон.

Во второто коло нашиот тенисер немаше никакви проблеми против 11 носител, Мексиканецот, Пачеко-Мендез со максимални 2-0, по сетови (6-1 и 6-2). Македонецот натпреварот го заврши за нешто повеќе од еден час. Тој беше доминантен во првиот сет, а потоа направи брејк и на почетокот од вториот сет. Ивановски спаси две брејк-шанси на противникот при водство од 3-2, со што целосно го скрши отпорот на противникот и на крајот победи со конечни 6-2.

Во осминафиналето Ивановски ќе се сретне со подобриот од натпреварот меѓу Литванецот, Бутвилас и Чолак од САД.

Се вчитува...