Калин Ивановски елиминиран во четвртфиналето на Вимблдон

Македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во полуфиналето на јуниорскиот турнир на неофицијалното светско првенство во тенис, Вимблдон. Тој во четвртфиналето со 2-1, по сетови 3-6, 7-6 и 6-4 загуби од Шпанецот, Педро Роденас.

Првиот сет Ивановски го отвори на феноменален начин поведувајќи експресно со 4-0. Иако во продолжение Шпанецот заигра далеку подобро, сепак нашиот тенисер успеа да поведе со 1-0 добивајќи го премиерниот сет со 6-3.

Во вториот сет Роденас стигна брзо до два брејка и предност од 5-1. Нашиот тенисер успеа да излезе од кризата и со четири гејма во низа да израмни на 5-5. Двајцата тенисери освоија по еден гејм, по што сетот премина во тај-брејк. Таму Ивановски иако имаше предност од 5-2, го загуби сетот со 5-7, што значеше трет одлучувачки сет. Во третиот сет Шпанецот повторно прв стигна до брејк 1-3, но нашиот тенисер веднаш возврати и израмни на 3-3. Следуваше нов брејк на Шпанецот (3-4) што беше доволен за освојување на сетот со 4-6 и конечен триумф од 1-2.

Во полуфиналето тој ќе игра со третиот носител на турнирот, Хрватот, Мили Полјичак кој во четвртфиналето со 2-1 го совлада Швајцарецот, Килијан Фелдбауш.

Се вчитува...