Калин Ивановски го освои турнирот во Тунис

Калин Ивановски продолжува со одлични настапи, откако македонскиот тенисер имаше серија добри игри на ИТФ-турнирот во Монастис, Тунис, каде Калин денеска го крена и шампионскиот пехар.

Тој за противник го имаше Азиз Кијаметовиќ од БиХ, кого по голема битка што траеше два часа и 27 минути Ивановски го доби со 2-1 во сетови.

Босанскиот тенисер подобро го отвори мечот и го доби стартниот сет со 4-6, но остатокот од ова финале мина во знакот на Македонецот. Калин Ивановски во вториот сет славеше со 6-4, за во решавачките моменти целосно да го скрши отпорот на противникот, победувајќи со 6-1 за кревање на шампионскиот трофеј на овој фјучерс-турнир.

Се вчитува...