Калин Ивановски преку вториот носител до меч за титула во Тунис

Македонскиот тенисер Калин Ивановски продолжува со одличните настапи. На ИТФ фјучерсот што се игра во Монастир, Тунис младиот тенисер денеска славеше против вториот носител Сирил Вандермерш од Франција со 2-1 и обезбеди место во финалето.

На мечот кој траеше речиси четири часа Ивнаовски загуби во првиот сет во тај-брејкот со 7-2, но во вториот сет возврати со 7-5. Ни третиот сет не промина без драма за нов тај-брејк во кој Ивановски блескаше и со 7-2 и дојде до борба за титулата.

Во големото финале Македонецот силите ќе си ги одмери со 25-годишниот Азиз Кијаметовиќ од Босна и Херцеговина.

Се вчитува...