Калин Ивановски со оргомен скок на АТП ранкингот

Македонскиот тенисер Калин Ивановски направи огромен скок на најновиот АТП ранкинг. Иако 18-годишникот запиша пораз од Делаведова на ИТФ турнирот во Котингбрун, Австрија, успеа да напредува за дури 334 места.

Македонецот сега се наоѓа на рекордно 1.070 место на ранг-листата на АТП. Тој запиша седум бода на своето конто за претходната седмица, а останатите веројатно губеа бодови, па така младиот Калин забележа огромен подем.

Талентираниот Ивановски во изминатата година почна активно да се натпреварува, а тоа ветува напредок и на АТП ранкингот. Тој на претходното рангирање се наоѓаше на 1.404 позиција, па веќе на следните турнири ќе има шанса за влез во „топ 1.000“.

Се вчитува...