Калјари до победа во судиското надополнување над Болоња

Екипата на Калјари со пресврт во финишот, успеа да го совлада составот на Болоња со 2-1, со гол во судиското надополнување од средбата.

Орсолини во 54. минута ја донесе Болоња до водство. Паволети израмни во 71. минута, а за целосен пресврт се погрижи Переиро во 94. минута. Со оваа победа Калјари ги оживеа шансите за опстанок во Серија „А“.

Инаку и двата тима имаа големи проблеми околу составите, што поради Африканскиот Куп на Нации, што поради коронавирусот и повреди. Така и двајца тренери не можеа да сметаат на вкупно 18 играчи, односно по девет во секоја екипа.

Се вчитува...