Калјари и Фиорентина 1-1 и резултатски, и во промашени пенали (ВИДЕО)

Калјари и Фиорентина одиграа 1-1 во денешниот прв натпревар од Серија „А“. Интересен и возбудлив беше натпреварот со оглед дека покрај двата гола, двата тима промашија и по еден пенал.

Фиорентина преку Бираги во 8. минута не реализираше, голманот Радуновиќ одбрани, а потоа Калјари поведе. Педро во 47. минута успеа да постигне гол.

Потоа следуваше црвен картон за Фиорентина, и промашен пенал преку Жоао Педро. Голманот на Фиорентина се реваншираше и го одбрани ударот.

Сотил во 75. минута успеа да израмни, резултат кој беше конечен.

Се вчитува...