Камбек на Ракчевиќ, Борозан главен адут на Црна Гора на ЕП

Поранешниот ракометар на Вардар и на Металург, Младен Ракчевиќ, би требало да го има својот камбек во репрезентацијата на Црна Гора откако се најде на списокот на селекторот Драган Ѓукиќ за претстојното Европско првенство, на кое Црногорците за противник во групната фаза ќе ја имаат и Македонија.

Големиот борец подолго време е надвор од националниот тим, но со добрите игри во дресот на Добруџа и пред се со големото искуство успеа да се избори за камбек во репрезентацијата токму за овој континентален собир.

Главно оружје на Црна Гора дефинитивно ќе претставува „вардарецот“ Вуко Борозан, на голманската позиција тука се несудениот „вардарец“ Симиќ, како и поранешниот чувар на мрежата на Металург, Раде Мијатовиќ, Ѓукиќ смета и на средниот бек на „металурзите“, Анѓушиќ, како и на Липовина, Вујовиќ, Мајиќ и на уште неколку ракометари кои во текот на своите кариери настапувале во Македонија.

crna gora sostav

Се вчитува...