Каменица: Штербик и одбраната на Вардар тешко се совладуваат

Вардар како актуелен европски шампион и лидер во групата А од Лигата на шампионите, ја има фаворитската улога во дуелот со ППД Загреб, в сабота (19.45 ч.) на гостински терен во Загреб. Тренерот на хрватскиот шампион, Касим каменица, на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот со „црвено-црните“ призна дека ги очекува тежок предизвик, издвојувајќи го варадр како еден од најсилните протиувници во Лигата на шампионите.

Зад нас се две тешки гостувања. Се подготвуваме за Вардар кој, според мене, заедно со Рајн Некар Левен, игра најзначајна улога во ЛШ. Имаат исклучителни добар тим, а одбраната со голманот Штербик понекогаш претставуваат непремостлива пречка за нашите напаѓачи. Во овој тежок ритам, посебно после неделата за репрезентативните активности, имаме одредени проблеми. По натпреварот во Велење, не успеавме да напрвиме ниеден заеднички тактички тренинг. Она што е сигурно од моја страна и од страна на играчите е дека ќе сториме се за да дојдеме до добар резултат. Целта е да дојдеме до победа против некој од посилните противници во ЛШ, а тоа е во наредните два натпревари. Ако дојдеме до „скалпот“ против еден од великаните, тогаш сме поблиску до остварување на амбициите, а тоа е пласман во следната рунда. Очекувам поддршка од трибините. Натпреварот со Вардар е нешто што ни е позната тема  со оглед на тоа што со нив веќе два пати игравме во Скопје. И двата натпревари ги загубивме со седум гола разлика. Се надевам дека односот на силите ќе биде поинаков на овој натпревар на кој гледам на еден позитивен начин“ – изјави тренерот на ППД Загреб.

Се вчитува...