Камерун го освои Купот на африканските нации… (видео)

Репрезентацијата на Камерун е победник на Купот на африканските нации, кој се играше во Габон, откако во финалето славеше со 1-2 против селекцијата на Египет.

Камерунците до титулата дојдоа благодарение на погодокот на Абубакар во 89. минута од средбата. Претходно, Египет прв дојде до водство со голот на Елнени во 22. минута. Но, во вториот дел следеше пресвртот… Најпрво израмни Н’Кулу во 60. минута, а потоа Абубакар донесе огромна радост за Камерун.

Vincent Aboubakar Goal HD – Egypt 1-2 Cameroon… by 87taras

Бронзата на собирот на најдобрите селекции од Африка ја освои Буркина Фасо.

Се вчитува...