Камионот кој ги превезува болидите на Рено излета од автопат во Унгарија (ФОТО)

Камионот на кој ги пренесува болидите на Формула 1 тимот на Рено, доживеа сообраќајна несреќа на патот кон Будимпешта, каде викендов ќе се вози големата награда на Унгарија. Сепак, за среќа иако камионот излетал од автопатот, нема повредени, а болидите се во добра состојба.

Екипата на Рено се наоѓа на 6. позиција во конкуренција на конструктори со освоени 39. бода, додека двата возачи на тимот Даниел Рикардо и Нико Хулкенберг 11. и 14. во генералниот пласман во конкуренција на возачи.

Големата награда на Унгарија која ќе се вози на патеката Хунгароринг на програмата е во недела.

 

 

 

Се вчитува...