Канатларовски: И покрај поразот, одигравме одличен натпревар со Русија

Репрезентацијата на Македонија до 17 години забележа пораз од 1-2 во првиот контролен дуел со соодветната селекција на Русија за време на подготовките во Анталија.

На терените на „Папилон Хотелс Белви”, противникот со комплетен пресврт во второто полувреме успеа да слави победа од 2-1.

Македонија одлично го почна натпреварот и во 16. минута преку Дашмир Елези поведе со 1-0. До крајот на првиот дел избраниците на селекторот Драган Канатларовски не успеаја да искористат извонредна прилика за зголемување на предноста.

Во вториот дел, Русија направи пресврт, ги искористи грешките и постигна два гола во 62. и 83. минута од мечот.

„Задоволен сум од прикажаната игра, по подолг период повторно сме заедно пак во репрезентацијата. Покажавме квалитетна игра против силна репрезентација. Задоволен сум од желбата и ставот на моите фудбалери. Покажавме дека заедно колективно можеме да се носиме со силни репрезентации од калибарот на Русија” – вели Канатларовски.

Македонија на натпреварот настапи во следниот состав: Тасев, Јаневски, Зеќири, Поповски, Ристов, Софијановски, Ангелов, Чилафи, Софијановски, Гуџуфи, Елези. Вториот контролен натпревар овие две селекции ќе го одиграат на утре од 10 часот.

Се вчитува...