Канатларовски повторно ја собира репрезентацијата, сега на тестови со Црна Гора

Македонската репрезентација за фудбалери до 17 години, по двата пријателски натпревари со Србија, на почетокот од следниот месец ќе одигра два нови теста, сега против соодветната селекција на Црна Гора.

Селекторот Драган Канатларовски, во рамките на подготовките пред квалификациите за ЕП, против Црногорците ќе тестира на 3. и на 5. ноември.

Македонската селекција пред само две недели против репрезентацијата на Србија одигра два натпревари без победник, и без постигнат погодок.

Се вчитува...