Кансело: Пеп Гвардиола е лажго!

Португалецот Жоао Кансело во моментов е играч на Манчестер сити, но е на позајмица во Барселона.

Сепак, бидејќи неговиот договор со „граѓаните“ истекува на лето, тој има слобода да има остри зборови на сметка на менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.

Имено, тој го обвини шпанскиот стручњак дека лаже и не се однесува коректно кон него.

„Гвардиола кажуваше лаги за мене. Никогаш не сум бил лош соиграч. Прашајте ги Нејтан Аке и Рико Луис. Немам комплекс на супериорност или инфериорност. Тоа е само мислење на тренерот. Манчестер сити не беше фер кон мене. Јас бев важен играч таму неколку години, секогаш давав максимум на теренот и бев посветен на клубот и навивачите“, рече Кансело.

Се вчитува...