Фудбалерот на Манчестер Сити, Жоао Кансело кој е на позајмица во Барселона го навлече бесот на навивачите на англискиот клуб по последната објава од него на социјалните мрежи.
Имено, Кансело за Јутјуб каналот „Shoot For Love“ на слепо рангираше фудбалери од првата до десеттата позиција, а прв кој се појави на листата беше Јошко Гвардиол, овосезонското засилување на „граѓаните“ кој има одлична прва сезона во Премиерлигата.
Кансело го рангираше Хрватот на десеттото место па доби и бројни погрдни навреди од страна на навивачите на Манчестер Сити прозивајќи го за љубомора.
What do we make of this from Joao Cancelo? 🤨 pic.twitter.com/M9vFG0nt46
— City Report (@cityreport_) May 13, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА