Капело открива: Шукер и Мијатовиќ не му додаваа на Раул…

Фабио Капело се вклучи во дискусиите околу „сагата Мауро Икарди“, жестоко критикувајќи го тренерот Лучијано Спалети за начинот на кој се справува со ситуацијата. „Дон Фабио“ смета дека Спалети погрешил што излегол во јавноста да го критикува својот доскорешен капитен, посочувајќи дека негова обврска како тренер е да учествува во решението, а не да создава дополнителни проблеми.

Како пример Капело посочи и проблем со кој се соочил во својот прв мандат како тренер на Реал Мадрид, кога напаѓачкиот тандем Мијатовиќ – Шукер не сакал да му додава топки на Раул Гонзалес.

„Спалети ја утна работата, тој треба да седне со своите луѓе и да го реши проблемот, а не да зборува по новинари како фудбалерите играле или не играле со срце. Ти си тренер, седнуваш и наоѓаш решение за проблемот. Кога бев во Реал Мадрид имав чудна ситуација, увидов дека Шукер и Мијатовиќ се додаваат само меѓу себе, но не сакаа да му дадат ниту една топка на Раул во противничкиот шеснаесетник. Јас можев да излезам по весници и да ги критикувам, но ќе беше погрешно… наместо тоа седнавме и го решивме проблемот, кој не се повтори ниту еднаш“ – истакна Капело.

Се вчитува...