Капитенот Ѓоргиев ќе „стисне заби“ за Македонија

Одбојкарската репрезентација на Македонија Никола Ѓоргиев ќе биде дел од стартниот состав за мечот против Чешка кој директно одлучува за третото место во групата „Ц“ и избегнување на Италија во осминафиналето.

Ѓоргиев ќе го стартува мечот, но се уште не се знае колку ќе биде подготвен за целиот меч. За потсетување македонскиот капитен вчера, пред мечот со Холандија се пожали на болка во ‘рбетот поради која не беше во можност да го одигра натпреварот.

Натпреварот меѓу Македонија и Чешка кој се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје е со почеток во 20 часот.

Се вчитува...