Капитенот Матијс де Лихт не беше роден кога Ајакс последен пат играше полуфинале во ЛШ

Ајакс направи ново големо чудо во Лигата на шампионите и го елиминира италијанскиот првак Јувентус. Со фантастична игра, тинејџерите на тимот од Амстердам го совладаа Јувентус со 1-2 среде Торино и заслужено се пласираа во полуфиналето на елитното европско клупско натпреварување. Последен пат тоа на Ајакс му успеа во 1997 година. А тогаш не беше ниту роден Матијс де Лихт, стрелецот на победничкиот гол.

„Не се плашиме од никого, како што видовте. Ние само сакаме да играме фудбал. И за среќа, играме многу добро во овој момент“, изјави Де Лихт по триумфот над Јувентус.

Де Лихт синоќа капитенски го предводеше Ајакс до големиот успех и потврди дека е еден од најголемите таленти во европскиот фудбал. За него наддаваат Барселона, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Пари Сен Жермен… Со 19 години е нова голема фудбалска ѕвезда на Стариот континент.

 

Се вчитува...