Капитенот во одбрана на Раул: Доста со критиките, имаме тренер од ТОП 3 во светот!

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров по поразот од Исланд со кој Македонија, по подолг период, за првпат не успеа да мине во втората главна фаза на едно големо натпреварување, застана во одбрана на селекторот Раул Гонзалес.

Во својата поширока оценка за нашиот настап на СП 2019 во Минхен, Лазаров меѓу другото потенцираше дека Македонија треба да биде среќна што го има еден од тројцата најдобри селектори во светот.

„Гледам дека за време на ова Светско првенство сериозни критики има за Раул Гонзалес, и за начинот на кој ја води репрезентацијата. Јас повикувам да се прекине со сето тоа затоа што одговорно тврдам дека го имаме еден од тројцата најдобри тренери во светот. Ние комплетно стоиме зад се што работи Раул и сите негови замисли“ – вели Лазаров, дополнувајќи дека е ова е момент кој треба да ги обедини сите ракометни сили во Македонија.

„Не треба да прокоцкаме се што се вложува во ракометот изминативе години. Не треба ова да не демотивира туку напротив да ни даде уште поголем поттик да се продолжи со далеку поголема работа со овие млади ракометари на кои секако им треба уште долго градење и искуство за настапи на вака силна сцена. Имаме иднина и треба само да продолжиме на патот на кој чекориме и досега“.

Се вчитува...