Капитулација на шампионот против Сакраменто

Повредите оставаат силен траг врз резултатите на Голден стејт вориорс, откако актуелниот првак синоќа загуби на домашен терен од аутсајдерот Сакраменто со 93-98. Мора да се истакне дека „воините“ настапија без троите најголеми ѕвезди, Кари, Томпсон и Дурант, а згора на тоа во текот на натпреварот се повреди  Омар Каспи, кој поради болка во скочниот зглоб предвреме го заврши мечот.

Квин Кук беше незапирлив во првото полувреме со 18 поени без ниту едно промашување, но младиот кошаркар на Голден стејт не успеа да го издржи ритамот до самиот крај, а гостите од Сакраменто го искористија тоа и на крајот стигнаа до голема победа. Хилд со 22 поени беше прв стрелец на „кралевите“, Куфос забележа 12 поени, додека Богдан Богдановиќ реализираше 11 поени и три асистенции.

Торонто многу потешко од очекувањата, дури по продолжение, го совлада Далас со 122-115, за 11. победа во низа на „рептилите“ од Канада. ДеРозан беше прв стрелец на Торонто со 29 поени, додека Валанциунас оствари дабл-дабл од 21 поен и 12 скокови.

Резултати НБА:

Орландо – Бостон 83-92, Филаделфија – Бостон 120-116, Торонто – Далас 122-115, Оклахома сити – ЛА клиперс 121-113, Голден стејт – Сакраменто 93-98, ЛА лејкерс – Мајами 91-92.

Се вчитува...