Карабах знае како се привлекуваат навивачи: Со најниски цени на билети во историјата на ЛШ!

Не е некоја тајна дека проблемот со привлекување навивачи на стадионите е постојано актуелен посебно во источноевропските земји и на балканските простори.

Тоа добро го знаат и од азербејџанскиот Карабах кои за групната фаза од Лигата на шампионите се најдоа со суператрактивни противници како Челси, Атлетико и Рома.

Карабах е тотален аутсајдер во групата, но затоа, пак, на своите навивачи и сите љубители на фудбалот од Азербејџан сакаат да им понудат вистинско уживање… Па, сите во Азербејџан беа безмалку во неверување, но и службеници од УЕФА, кога видоа дека од клубот одредија неверојатни ниски цени за натпреварите од Лигата на шампионите – најниски во историјата на ЛШ!

За мечот со Челси во Баку, цената на билетите ќе се движи од неверојатно 1 (едно) евро за најлошите места на стадионот, па постепено се до максимални 20 евра за ексклузивните ВИП места.

А, националниот стадион во Баку, каде ќе се игра натпреварот, е со капацитет од 70.000 седишта каде ќе се игра и финалето од ЛШ во 2019 година. Од Карабах сакаат да го наполнат до последно место, но и да им овозможат и на оние од посиромашните слоеви во земјата да гледаат натпревари од Лигата на шампионите. Некои едноставно знаат каде живеат и за кого се игра фудбалот! За нарадот…

Се вчитува...