Карагер: Суарез ќе добие пеколен пречек

Пет години по заминувањето од Ливерпул, Луиз Суарез ќе се врати на „Енфилд роуд“, а неговиот некогашен соиграч Џејми Карагер смета дека навивачите нема топло да го пречекаат Уругваецот. Популарниот „Ел пистолеро“ бурно го прослави постигнувањето на голот за Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите.

„Мислам дека нема да биде топло пречекан. Суарез е фудбалер кој го сакате кога игра за вашиот тим, но го мразите кога игра за противникот. Нека не се надева на херојски пречек“, вели Карагер. 

Суарез во три и пол години поминати во дресот на „црвените“ настапи на 133 меча, постигнувајќи 83 гола. Реваншот меѓу Ливерпул и Барселона е закажан за 7. мај, а „каталонците“ по првиот меч кој се играше на „Камп ноу“ имаат предност од 3-0.

Се вчитува...