Караорман минимално го совлада Тетекс

Караорман со гол во 66. минута преку Дебрешлиоски, успеа да го совлада составот на Тетекс во последниот натпревар во Втората лига одигран денеска. И двата тима играа многу претпазливо, со многу грешки, меѓутоа на крајот бодовите останаа во Струга.

Од 19. коло, не се одигра само еден натпревар помеѓу Пехчево и Беласица. Тој дуел требаше да се одигра во Сингелиќ, меѓутоа поради нападот над играчите и стручниот штаб на гостинската екипа, дополнително треба да биде соопштено кои ќе бидат насоките за одигрување на тој меч, или некој ќе запише три бода на зелена маса.

Сега со оваа победа Караорман ги мина Беса и Арсими на табелата, и е на осмото место, додека Тетекс остана претпоследен со 11 бодови.

Се вчитува...