Кари ги растури клиперси, изненадување во Кливленд

Кога Стеф Кари ќе влезе во ритам во нападот, Голден стејт не мора да посветува внимание на играта во одбрана. Тоа беше случај и на дуелот со ЛА клиперс на кој Кари го растури противникот, а актуелниот првак славеше со конечни 134-127. Најдобриот кошаркар на „воините“ го заврши мечот со 44 поени и 10 асистенции

Вашингтон продолжува со добри игри по повредата на Џон Вол, па визардси славеа на тешкото гостување во Кливленд со 103-110 за својот осми триумф на десетте средби без својот најдобар играч. „Волшебниците“ си создадоа одлична предност во последната четвртина, но потоа Леброн постигна 14 поени во низа за Кливленд и домаќините се приближија на само три поени негатива (103-106). Сепак, Бил го погоди клучното положување, по што Леброн Џејмс направи грешка, па гостите од Вашингтон заслужено стигнаа до победата.

Интересно беше и во Сакраменто, каде Оклахома сити стигна до победа од 107-110 откако Расел Вестбрук погоди тројка со последниот шут. Вестбрук оствари нов трипл-дабл од 17 поени, 15 скока и 11 асистенции, додека кај Сакраменто српскиот ас Богдан Богдановиќ реализираше само четири поени.

Резултати НБА:

Шарлот – Бруклин 111-96, Орландо – Њујорк 113-120, Кливленд – Вашингтон 103-110, Чикаго – Филаделфија 115-116, Голден стејт – ЛА клиперс 134-127, Сакраменто – Оклахома сити 107-110.

Се вчитува...