Кари го „изрешета“ Њујорк, Леброн на девет поени до историја, Вембањама веќе руши рекорди (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден стејт славеа против Њујорк со 110-99 и дојдоа до седмата едноподруго победа на гостински терен сезонава во НБА лигата.

Голден стејт ја запиша 31-та победа сезонава, додека Њујорк го запиша 25-от пораз.

Стеф Кари беше најдобар со 31 поен притоа со осум постигнати тројки, а на сето тоа дополнети и со 11 скока. Каминг постигна 25 поени, а Клеј Томпсон заврши со 16 поени.

Кај Њујорк се издвои Џејлен Брансон со 27 поени, Дивенченцо постигна 16 поени, со седум скока, а Џош Харт заврши со 14 поени, 18 скока и седум асистенции.

Леброн Џејмс се најде на чекор до бројката од 40.000 поени.Ново големо достигнување на веќе најдобриот стрелец на НБА лигата кој на следниот натпревар на ЛА Лејкерси, а тоа е против Денвер на Никола Јокиќ, може да дојде до историска бројка.

До актуелната бројка од 39.991 поен, Леброн дојде во победата на Лејкерс над Вашингтон од 134-131 после продолжение. Тој запиша 27 поени и девет скока. Најдобар кај Лејкерс беше Антони Дејвис со 38 поени и 12 скока.

Виктор Вембањама почна веќе да ниже рекорди во НБА. Тој стана првиот во историјата на НБА со барем 25 поени, 10 скока, пет асистенции, пет блокади и пет погодени тројки на еден меч. Синоќа заврши со 28 поени, 13 скока, 7 асистенции и пет блокади во изненадувачка победа на Сан Антонио над Оклахома сити од 132-118.

Се вчитува...