Кари ја пропушта првата рунда од плеј-офoт

Тренерот на Голден стејт вориорс Стив Кер, посочи дека е речиси невозможно за Стеф Кари да се опорави и врати на паркетот за време на првата рунда од плеј-олф разигрувањата. Двократниот МВП пред два дена ги истегна лигаментите на коленото во победата над Атланта. Според најавите на неговиот тренер, Кари најверојатно нема да игра до крајот на април месец.

„Нема шанси да игра во првата рунда од плеј-офот. Неговото истегнување на лигаментите е од втор степен, што значи дека е сериозно, а јас не сакам никакво форсирање пред почетокот на главниот дел. За три недели одново ќе го прегледаат за да проценат како се одвива неговото закрепнување. Наша работа засега е да се подготвиме да играме без него, поточно да најдеме начин да функционираме без неговиот придонес во нападот“, истакна Кер.

Без Кари кај „воините“ се почувствува ранливост, па веќе во првиот меч без него претрпеа пораз од Јута џез од 110-91.

До крајот на регуларниот дел од сезоната има уште три недели, додека разигрувањата започнуваат на на 14. април.

Се вчитува...