Карик: Збунет сум, голот требаше да биде поништен

Притисокот врз Мајкл Карик е се поголем откако Манчестер јунајтед забележа само една победа во првите четири кола од Премиер-лигата, а агонината беше продлабочена со денешниот пораз на дербито со Манчестер Сити.

„Црвените ѓаволи“ не искористија предност од играч повеќе цели 70 минути, но според Карик судиите се виновни за поразот на неговиот тим, и тоа за непоништувањето на погодокот на Халанд. Стратегот на Јунајтед веднаш по мечот бурно реагираше, сметајќи дека голот морал да биде поништен поради Енцо Фернандез, кој се наоѓаше во офсајд и тргна на топката, а откако не стигна до неа Халанд на крајот успеа да ја смести во мрежата.

„Збунет сум, толку многу технологија во спортот, имаме луѓе кои седат во канцеларија за да носат вистински одлуки во клучните моменти, но очигледно секој на свој начин ги разбира правилата. Ако она што го направи Енцо не беше влијание врз играта, тој тргна на топка и не стигна до неа, но се движеше по топката… ако тоа не е влијание врз акцијата, навистина не знам што е. Тоа е одлуката што го реши овој натпревар, на вакви тесни мечеви е недозволиво да има таква одлуки. Севкупно гледано, направивме многу позитивни работи, растевме како тим како што одминуваше времето и разочарувачки е да загубите ваков меч на ваков начин“, истакна Карик.

Се вчитува...