Карим Бензема го пропушти Светското првенство во Катар поради повреда, а и покрај тоа што можеше да и се приклучи на својата репрезентација за големото финале, селекторот Дидие Дешам го одби искусниот голгетер.
Тој пак по завршувањето на Мундијалот официјално замина во репрезентативна пензија, но и понатаму продолжува со препукувањата кон неговиот доскорешен селектор. Бензема на социјалните мрежи објави нова фотографија на која напиша „Ова е многу важно: Достапност“, што многумина ја толкуваа како нова провокација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА