Карлос Алкараз закажа ново финале против Јаник Синер

Најдобриот тенисер на денешницата Карлос Алкараз е вториот финалист на АТП завршниот турнир кој се игра во италијанскиот град, Торино.

Шпанецот вечерва во второто полуфинале без проблеми славеше против канадскиот тенисер, Феликс Оже Алијасим со максимални 2-0 по сетови 6-2 и 6-4.

Тој утре во финалниот меч кој е закажан во 18 часот ќе се сретне со својот најголем ривал, домашниот Јаник Синер кој во првото полуфинале исто така со максимални 2-0 славеше над Австралиецот, Алекс де Минор.

Се вчитува...