Касано: Роналдо е потрошен играч, што може да очекувате од фудбалер кој има освоено 5 титули во ЛШ?

Јувентус загуби на гостувањето кај Порто. Португалскиот тим славеше со резултат 2-1, а во бледата игра на тимот од Торино се вклопи и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо. Неговиот лош настап го коментираше Касано, а неговите зборови сигурно нема да му се допаднат на португалскиот ас.

Лошото момче на италијанскиот фудбал, Антонио Касано, го критикуваше Кристијано Роналдо по поразот од Јувентус против Порто во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

“Јас секогаш велев, почнувајќи од претпоставката дека тој е феномен и дека има постигнато милијарда голови, Роналдо има проблеми со идејата на Андреа Пирло и неговата формација. Да, тој постигнува гол на секој натпревар, тоа е точно, но тој се бори со идејата за фудбал на Пирло. Тој секогаш бил малку себичен, не му е гајле што прават другите. Роналдо не живее за игра и победа на тимот, туку живее за постигнување на гол. Парадоксот во ситуацијата е тоа што Јувентус купи играч кој има освоено пет титули во Лигата на шампионите, тој е веќе заситен од титули и предизвици“, заклучи Касано.

Да потсетиме, Касано ја започна својата кариера во Бари, а потоа играше за Рома, Реал, Милан и Интер.

Се вчитува...