Касано за осум дена падна во депресија, па повторно се откажа од фудбалот

Само осум дена траеше камбекот на Антонио Касано на фудбалот, откако италијанскиот ветеран повторно реши да се пензионира. Искусниот 35-годишен голгетер изненади многумина со одлуката да ја прекине пензијата и да потпише едногодишен договор со новиот прволигаш Верона, но по неколкудневни тренинзи тој го промени својот став и објави дека сепак нема да игра фудбал во новата сезона.

Италијанските медиуми од извори блиски до Касано шпекулираат дека станува збор за „носталгија по родниот град“, а се најавува дека самиот фудбалер во текот на денот преку соопштение да ги објави причините за ваквиот пресврт во ситуацијата.

Антонио Касано во текот на својата долга кариера настапуваше за Бари, Рома, Реал Мадрид, Сампдорија, Милан, Интер, Парма и Верона. Тој има и 39 настапи за италијанската репрезентација, притоа постигнувајќи десет погодоци во дресот на „аѕурите“.

Се вчитува...