Во пресрет јануарскиот преоден рок медиумите во Англија најавуваа распродажба во Манчестер Јунајтед, а еден од оние кои беше на излезните врати на „Олд Трафорд“ беше и бразилскиот репрезентативец, Касемиро кој овој тим го засили од Реал Мадрид во 2022 година.
Бразилецот се споменуваше со преселба во Саудиска Арабија, но 32-годишникот ги одби гласините изјавувајќи дека е среќен во Манчестер Јунајтед и сака да му помогне на клубот да се врати назад на славните патеки.
„Искучително сум среќен во Манчестер Јунајтед уште од првиот ден тука. Не можам ни да опишам колку добро ме пречека овој град, овие навивачи и новите соиграчи. Среќен сум тука и единствената желба која ја имам е да го вратам клубот на славните патишта.
Не е вистина дека заминувам од Манчестер Јунајтед. Немам ни желба за заминување“, изјави Касемиро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА