Кашмарек: За Лехија ова е историска победа

Македонскиот фудбалски прволигаш, Академија Пандев го заврши својот настап во Европа, откако денеска и во реваншот загуби од полската Лехија Гдањск овојпат на домашен терен со 1-2.

Тренерот на полскиот клуб, Томаш Кашмарек по мечот вели дека ова за нив беше историски пласман во 2. коло.

„Честитки за мојот тим за победата. Мислам дека заслуживме да се пласираме во второ коло. Академија се добар тим, но го контролиравме натпреварот. Ова за нас е историски пласман во второто коло и сакам да им честитам на сите во клубот и на навивачите кои денеска беа неверојатни и се чувствувавме како да сме на домашен терен“, изјави Кашмарек. 

Во следното коло Лехија ќе игра против Рапид Виена.

Се вчитува...