Легендарниот шпански голман Икер Касиљас поднесе тужба против Порто, барајќи отштета од 2,5 милиони евра за срцев удар што го претрпел на тренинг со клубот во 2019 година.
Касиљас тврди дека срцевиот удар е резултат на прекумерен физички напор на тренинг, додека португалскиот шампион ја отфрла одговорноста и вели дека последниот збор ќе го даде судот.
„Можам да одам во теретана, да играм падел, но не можам да трчам. Можам да издржам помеѓу 20 и 50 метри и тоа е тоа “, рече Касиљас на суд, опишувајќи како неговиот живот се променил по инцидентот.
Од друга страна, Порто вели дека срцевиот удар не е резултат на тренинг, осврнувајќи се на ставот на тогашниот клупски водител кој тврдеше дека состојбата на голманот е стабилна и дека неговото закрепнување не е загрозено.
Касиљас претходно доби 1,5 милиони евра од осигурителната компанија, што е максималната отштета за повреди на работното место, додека клубот му ја исплати целата плата за време на неговото боледување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
