Касилјас: Куртоа е најдобар голман во светот

Легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас, кој сега го чува голот на Порто, истакна дека Тибо Куртоа за него е најдобар светски голман во овој момент. Ова уште повеќе ги подгрева гласините дека тој во летниот преоден рок од Челси ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

„Куртоа е најдобар голман во светот во овој момент. Тој има одлична сезона во Челси. Иако не игра со клубот во ЛШ, сепак, тој е маркантна фигура во Премиер – лигата и еден од најзаслужните што неговиот тим е лидер во англискиот шампионат. Куртоа би бил одлично решение за голот на Реал Мадрид“, изјави Икер Касилјас.

Се вчитува...