Каталонски супер-малери: Пак се повреди Ансу Фати

Малерите на Барселона со повредени фудбалери продолжуваат и по денешниот дуел со Селта, на кој повторно мораше предвреме да биде заменет Ансу Фати.

Новата „десетка“ на Барселона неодамна се врати од долгата пауза, но денеска повторно се пожали на болка во мускулот и мораше да биде заменет уште пред крајот на првото полувреме. Каталонците имаа водство од 0-3 во овој дел од мечот, но потоа следеше огромен пад на концентрацијата, три гола на Селта и конечно реми од 3-3. По враќањето назад во Барселона врз Фати ќе бидат извршени нови детални прегледи, по што ќе биде познато колку ќе изнесува и паузата на крилниот офанзивец од фудбалските терени.

Повреда на истиот натпревар заработи и дефанзивецот Ерик Гарсија, кој според првичните прогнози ќе паузира најмалку дваесетина дена од тимот на Барселона.

Се вчитува...