Катар го урна сонот на Аргентина, Унгарија си бираше противник во четвртфинале

Катар го урна сонот на Аргентинците откако во последното коло ги совлада со … На Гаучосите по победата над Хрватска им беше доволен и бод од овој меч во кој скоро 50 минути имаа предност. Сепак, поголемото искуство на Катар во играње на вакви натпревари доведе до тоа азискиот шампион на крајот да стигне и до триумф. Франкис Карол со осум гола повторно беше најдобар кај Катарците, додека кај Аргентина Пизаро заврши со шест гола.

Катар ќе го очекува мечот меѓу Хрватска и Данска кој се игра вечер. Доколку Данска победи, катар ќе се пласира меѓу осумте најдобри, но ако побееди Хрватска тие ќе бидат последниот патник во четвртфиналето.

Шпанија ја декласираше Унгарија со 36-28, но Унгарците се одлучија во овој натпревар да ги одмараат првотимците и со тоа да изберат самите во четвртфиналето да играат против Франција и да ја одбегнат Норвешка. Соле со осум гола беше прво име во таборот на Шпанците, додека кај Унгарија Балог и Ѓер завршија со по пет гола.

Се вчитува...