Катар потврди: Само вакцинираните лица можат да бидат дел од Светското фудбалско првенство

Катар ќе побара од сите навивачи кои сакаат да присуствуваат на фудбалското СП 2022 година да имаат сертификат за вакцинација.

Шеикот Калид бин Калифа, премиер на арапската земја, вели дека ќе обезбеди милион дози вакцини со цел да се имунизираат оние кои сакаат да го следат планетарното првенство.

„Сигурен сум дека до почетокот на Светското првенство во 2022 година, повеќето земји ќе ги вакцинираат своите граѓани. Ако некои не се во можност, ќе обезбедиме вакцина. Општо, никој што не е имунизиран нема да може да влезе на стадионот“, истакна Калид бин Калифа.

Од почетокот на пандемијата Катар има 220.000 позитивни случаи на коронавирусот, а 585 лица починаа. Светското првенство во Катар е предвидено да започне на 21 ноември 2022 година.

Се вчитува...